Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Милан е мојот дом, мора да освоиме трофеј оваа сезона

Ибрахимовиќ: Милан е мојот дом, мора да освоиме трофеј оваа сезона

Златан Ибрахимовиќ вчера и официјално го продолжи договороt со Милан и во новата сезона ќе го носи дресот со број 11.

Ибра истакна дека е среќен што останува во Милан бидејќи се чувствува како дома, но потенцираше дека оваа сезона мора да освои некој трофеј.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Секогаш се чувствував како дел од Милан, дури и кога играв за други тимови. Тие секогаш се однесуваа добро кон мене. Кога прв пат пристигнав во Милано, ми се врати насмевката. Ова досега не сум го правел во кариерата. Се чувствував како дома, изјави Ибрахимовиќ.

„Го зедов бројот 11 затоа што навивачите на Милан ме познаваат по тој број. На бројот 21, не се чувствував како Ибрахимовиќ, па го побарав бројот со кој сум играл претходно, додаде Швеѓанецот.

Ибрахимовиќ смета дека има напредок во тимот од кога е вратен, но потсетува дека недостаува трофеј.

„Дојдов да го вратам Милан на нивото што го заслужуваат. Јас правам се за ова. Во последните шест месеци покажавме за што сме способни. Но, не заборавајте дека се уште не сме освоиле ништо. Оваа сезона мора да го сториме тоа“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Го споредуваа и со Еден Азар од најдобрите денови: „Чудото од дете“ на Челси на 28 години ја заврши кариерата!

Поранешното „чудо од дете“ од Челси, Чарли Мусонда, објави дека се повлекува од професиона…