Дома Трансфер зона Ибрахимовиќ донесе одлука за својата иднина!

Ибрахимовиќ донесе одлука за својата иднина!

Златан Ибрахимовиќ минатото лето пристигна во Манчестер Јунајтед како слободен играч и со своите партии веднаш ги разубеди скептиците иако веќе има полни 35 години.

Англиските медиуми тврдат дека иако Швеѓанецот има богати понуди од САД и Кина тој сака да остане во Јунајтед и тоа уште две години.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Ибрахимовиќ минатото лето потпиша едногодишен договор со „црвените ѓаволи“ со опција истиот да се продолжи на уште една година. Сега „Мирор“ открива дека напаѓачот побарал од раководството нов двегодишен договор.

Во досегашниот дел од сезоната Ибрахимовиќ веќе постигна 26 гола во сите натпреварувања, а беше херој и во финалето од Лига Купот против Саутемптон каде што два пати ја тресеше мрежата на противникот.

Мурињо и фановите се исклучително задоволени од него и сакаат да остане во клубот, па најверојатно раководството на „црвените ѓаволи“ ќе му ја исполни желбата за нов двегодишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алонсо му поставил услов на Перез, доаѓа во „пакет“ со ѕвезда од 100 милиони

Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на м…