Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Донарума е најдобриот голман во светот

Ибрахимовиќ: Донарума е најдобриот голман во светот

Златан Ибрахимовиќ смета дека Џанлуиџи Донарума во овој момент е најдобриот голман во светот.

Донарума на само 16 години доби шанса во Милан и од тогаш е на голот на „росонерите“. Меѓутоа поради ситуацијата во која се наоѓаше Милан во изминатите години Донарума се уште нема одиграно ниту еден натпревар во Лигата на шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Донарума е најдобар голман во светот и не е нормално тоа што не бранел на ниту еден натпревар во Лигата на шампионите“, изјави Ибрахимовиќ.

Во оваа прилика Ибра го прокоментира и неговиот статус во Милан.

„На крајот од сезоната ќе донесам одлука за својата иднина. Се додека се чувствувам добро на теренот ќе продолжам да играм“, потенцираше Швеѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер ја добива битката со Наполи: Во Милано пристигнува француски репрезентативец!

Енди Дијуф од редовите на Ленс наскоро ќе биде промовиран како ново засилување на вицешамп…