Дома Топ вести Ибрахимовиќ го советува Милан: Влаховиќ е мојот наследник

Ибрахимовиќ го советува Милан: Влаховиќ е мојот наследник

Златан Ибрахимовиќ му порачал на раководството на Милан да се обиде да го донесе на „Сан Сиро“ Душан Влаховиќ.

Ибрахимовиќ најверојатно ја игра последната сезона во кариерата бидејќи има полни 40 години, па сака да му помогне на Милан во изборот на негов наследник.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ибра смета дека негова идеална замена би бил Душан Влаховиќ, кој има само 21 години, но блеска во дресот на Фиорентина.

Влаховиќ има договор со Фиорентина до 2023 година, но откако одби да стане најплатен фудбалер во историјата на клубот, јасно е дека ќе биде продаден.

Сепак, на Милан нема да му биде лесно да стигне до потписот на Србинот, бидејќи конкуренцијата е голема, а Фиорентина за неговата слобода бара 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…