Уште од вчера медиумите во Италија на големо пишуваат дека Јувентус и Челзи постигнале договор за Сари да ги напушти „сините“ и да седне на клупатана клупата на клубот од Торино.
Новинарите на „Скај Спорт“ го фотографираа агентот на Сари, Фали Рамадани во друштво на директорот на Јувентус Фабио Партичи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Зошто тогаш уште нема официјализација, што се чека?
Проблем наводно настанал во наследникот на Сари. Прва желба на клубот е Френк Лампард кој имаше одлична сезона со Дерби Каунти во Чемпионшип. Изгледаше дека двете страни лесно ќе се договорат, но Деби прави проблем.
Вчера по медиумите на Островот се најавуваше дека ќе биде постигнат договор за четири милиони фунти, но денес пристигнуваат целосно спротивни информации – Дерби преговаа со Лампард за продолжување на договорот!?
Работата не е целосно завршена, па во Дерби ќе се обидат тоа да го искористат за да го продолжат договорот со Лампард и така да направат проблем.
Засега и понатаму очекувањата се Лампард да го наследи Сари, меѓутоа управата на Дерби ситуацијата малку би можеле да ја развлече.
Тука се поставува и прашањето колку време Јувентус би бил спремен да ги чека да се договорат.