Дома Фудбал Англија Зошто Тотенхем имаше право на шест измени против Лестер?

Зошто Тотенхем имаше право на шест измени против Лестер?

Eкипата на Тотенхем вчера одигра 1:1 на гости кај Лестер во првото коло од Премиер лига.

Во овој натпревар поради новото правило во Премиер лигата тренерот на Тотенхем, Анге Постекоглу имаше право да направи шест измени.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Дополнителната измена Тотенхем ја доби поради повредата на главата на Родриго Бентакур.
Фудбалерот за врска доби удар во глава и незгодно падна. Докторите му укажуваа помош десетина минути пред да биде изнесен од теренот.

Според новото правило во Англија тренерите имаат право дополнителна шеста измена кога се работи за повреда на главата на еден играч. Целта е да не се ризикува со таквите повреди и фудбалерите да остануваат на теренот ако тренерот нема измени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид се откажува од Конате!?

Интересот на Реал Мадрид за францускиот дефанзивец Ибрахима Конате (26), чиј договор со Ли…