Дома Останати ЗОИ: Јапонец е првиот спортист суспендиран поради допинг во Пјонгчанг

ЗОИ: Јапонец е првиот спортист суспендиран поради допинг во Пјонгчанг

Јапонскиот репрезентативец во брзо лизгање на кратки патеки Кеи Саито (21) поради позитивен допинг тест е првиот суспендиран на ЗОИ во Пјонгчанг.

Судскиот арбитражен суд задолжен за процесирање на допинг случаевите порача дека Кеи Саито бил позитивен на ацетазоламид, средство кое може да ја прикрие употребата на други забранети супстанци.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Кеи Саито ја прифати привремена суспензија и доброволно го напушти олимпиското село. Пресудата ќе биде донесена по завршувањето на олимписките игри. За медиумите тој негираше дека свесно земал допинг.

„Се советувам со медицински стручњаци со цел да спречам повреди. Внимавав на храната и пијалоците. Во никој случај немав намера да внесам ацетазоламид и одговорно тврдам дека тоа е направено сосема случајно“, изјави Кеи Саито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…