Н’Голо Канте откри дека школуван сметководител и дека ја работел таа професија бидејќи не бил сигурен дали ќе успее како фудбалер.
Канте беше големо откритие на Лестер со кој ја освои шампионската титула во Премиер лигата, а потоа истото го направи и како играч на Челзи за кој игра и денес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно Канте настапуваше за француски аматерски клубови и пред него бил тежок пат и големи препреми, но денес важи за еден од најдобрите игрчаи за врска, а освен тоа е и многу почитуван како личност.
„Бев во Болоње, не бев професионалес фудбалер, па продолжив да студирам, тогаш не знаев дали ќе можам да заработувам играјќи фудбал. Кога имав 18 години добив диплома, а две години потоа студирав сметководство. Кога заиграв сериозно фудбал, станав професионалец и престанав да студирам, се фокусирав на фудбалот“, изјави францускиот репрезентативец.
Канте беше релативно непознат на јавност до 2015 година, но со доаѓањето во Лестер започна неговата импресивна кариера.