Maроканецот Хаким Зијеш од вчера е во Париз каде што го чека исходот на преговорите помеѓу ПСЖ и Челзи. Искусниот офанзивец е голема желба на Луис Кампс за да го замени Пабло Сарабија кој се пресели во Вулвс.
Засега информациите се дека одат во добра насока и извесно е дека Зијеш кариерата ќе ја продолжи на „Паркот на принцовите“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Челзи Мароканецот во последниот период добиваше се помала минутажа, која сигурно ќе биде и дополнително намалена по доаѓањето на Мудрик, Мадуеке и Феликс.
Според информациите на „Л’Eкип“, ПСЖ и Челзи во овој момент преговараат за позајмица и не е познато дали би имало клазула за откуп на договорот на крајот од сезоната.
Она што е сигурно е дека ПСЖ не може да го купи сега затоа што ќе го прекрши финансискиот фер-плеј. Поради таа причина францускиот шампион не ја разгледуваше сериозно опцијата да го доведе Малком од Зенит или Рајан Черки од Лион.