Дома Трансфер зона Зидан ја знае својата прва трансфер цел за следното лето, а тоа не е Погба

Зидан ја знае својата прва трансфер цел за следното лето, а тоа не е Погба

Реал Мадрид следното лето ќе се обиде на „Сантијаго Бернабеу“ да го доведе одличниот млад напаѓач, Килијан Мбапе.

Откако што Мадриѓаните не успеаа да го доведат Нејмар од ПСЖ ова лето, Реал ќе се фокусира на доведување на 20-годишниот Француски напаѓач. Според шпанскиот весник „Спорт“, Реал сега се сврти кон Мбапе поради тоа што Барселона е фаворит за доведување на Нејмар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Истиот извор пишува на Зидан прва трансфер цел следното лето ќе му биде доведување на Мбапе, дури и пред Погба. Мбапе постигна 39 гола и запиша 17 асистенции во сите конкуренции за ПСЖ минатата сезона. Вреди да се напомене дека Мбапе доживеа повреда и ќе биде надвор од теренот еден месец.

Медиумите во Шпанија тврдат дека Зидан веќе го убедил неговиот сонародник да се пресели на „Бернабеу“, а навивачите на Реал со задоволство би сакале да го видат Мбапе во белиот дрес. Мбапе има договор со ПСЖ до 2022. година и не сакаше да потпише нов подобрен договор со францускиот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…