Дома Фудбал Зидан: Јамал е уникатен фудбалер, би го довел во Реал Мадрид

Зидан: Јамал е уникатен фудбалер, би го довел во Реал Мадрид

Зинедин Зидан го коментираше настапот на Ламин Јамал на ЕП, кој со 16 години ги собори сите рекорди.

„Може да бидете навивач на Реал Мадрид или некој друг клуб, но не може да не се забележи големиот талент на Ламин Јамал. Сите бевме изненадени од тоа како игра. Нема да биде чудно ако ја освои Златната топка, и тоа во многу блиска иднина. Тој е уникатен фудбалер. Јас да сум претседател на Реал Мадрид, ќе се обидев да го доведам во клубот“, рече Зидан.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„На Европското првенство многумина велеа дека нема менталитет или зрелост да се справи, но Јамал замолкна многумина, тој е шампион и еден од најдобрите играчи на турнирот и најдобар млад играч. Очекувам големи работи од него“, додаде Зидан.

Барселона реши да не го носи Јамал на американската турнеја на тимот за да не го преоптовари со оглед на тешкиот календар на натпревари во Ла Лига, Купот и Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се тепаше со Рабио и сега ќе го избркаат од клубот!

Фудбалерот на Олимпик Марсеј Џонатан Роу ќе го напушти клубот по случувањата во петокот ве…