Дома Фудбал Останато Зидан спремен да се врати, два клуба фаворити

Зидан спремен да се врати, два клуба фаворити

Легендарниот француски фудбалер и тренер Зинедин Зидан е спремен на лето повторно да седне на клупата на некој клуб.

Откако Дешамп реши да остане на селекторското место на француската репрезентација, Зидан ќе се врати на фудбалот, па веќе испратил сигнали дека сака клупски ангажман.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Зидан ќе ги разгледа сите понуди кои ќе пристигнат на негова адреса, но предност ќе им даде на Јувентус и Реал Мадрид.

Зизу својата фудбалска афирмација ја доживеа токму во италијанскиот гигант, а и Јувентус никогаш не ја криел желбата еден ден да го види Французинот на кормилото.

Од друга страна шпанските медиуми пренесуваат дека Французинот е спремен по трет пат да се врати на клупата на Реал доколку „кралевите“ се разделат со Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим веќе размислува на преодниот рок, има две желби кои вредат 100 милиони евра!

Во Манчестер јунајтед постојано имаат идеи и амбиции, но изминативе десетина години не усп…