Дома Фудбал Зидан: Сметаме на Јовиќ за следната сезона

Зидан: Сметаме на Јовиќ за следната сезона

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан денес ги отфрли шпекулациите за трансфер на Лука Јовиќ и потврди дека ќе остане во клубот и следната сезона.

Јовиќ само што се врати од повредата, повторно е надвор од тимот бидејќи мора да биде во самоизолација откако имал контакт со заразен од коронавирус.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Јовиќ не е со нас. Разговарав со докторот, ги следи препораките. Тој е многу добар фудбалер, кој постигнува многу голови, но е млад. Сметам на него и за следната сезона“, изјави Зидан, кој потврди дека Азар е спремен за игра.

„Азар не беше повреден, но имаше болки. Сега тренира нормално со остатокот од тимот и ќе биде спремен да ни помогне во преостанатите четири меча“, додаде Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кој ќе биде наследникот на Салах? Ливерпул има тројца на маса и буџет од 140.000.000 евра!

Ливерпул е подготвен да инвестира до 140 милиони евра во потрага по наследникот на Мохамед…