Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан: Сите очекуваме многу повеќе од Роналдо!

Зидан: Сите очекуваме многу повеќе од Роналдо!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан истакна дека очекува многу повеќе од Кристиано Роналдо, но дека не е загрижен што Португалецот не постигна гол во победата над Легија од 5:1.

„Сите сакаме Роналдо да постигне три, четири, пет голови. Имаше многу шанси вечерва, но даде гол во саботата и ќе постигне и следниот викенд. Сите очекуваме повеќе од Роналдо, и тој го знае тоа. Сепак, вечерва запиша две асистенции и тоа многу ми се допаѓа“, истакна Зидан.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На прашањето како е генерално задоволен од играта на својот тим, Зизу одговори.

„Среќен сум од резултатот и головите, но јасно е дека можеме уште да напредуваме. Балансот во одбраната никогаш не бил соврешн, но нашиот избор е да играме офанзивно и покрај ризикот. Важно е да даваме голови, а ние тоа го направивме“, заклучи Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Деклан Рајс застана пред камера и призна каква трагедија доживеал: „Овој гол е за неа“ (Фото)

Арсенал ја продолжи својата одлична серија во Премиер лигата и вчера на гостувањето со 2:0…