Кристиано Роналдо во текот на вчерашниот ден стигна до својата петта „Златна топка“ во кариерата, па поради тоа беше главна тема конференцијата за медиуми која ја одржа Зинедин Зидан.
„Јас го гледам Кристиано во Реал засекогаш. Не е среќен? Тоа го зборуваат оние кои не сакаат тој да биде тука. Тоа што тој го прави е феноменално. Некои фудбалери остануваат и 20 години во клубот, па не можат да го достигнат она што го направи Кристиано. Тој е веќе дел од историјата на овој клуб“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кристиано Роналдо е најдобриот фудбалер на сите времиња, тоа што тој го може не го може ниту еден други играч. Кристиано или Зидан? Јас сум подобар…Се шегувам, Кристиано е многу подобар од мене“, изјави Зидан.
По прашањата за Роналдо на ред дојде натпреварот кој Реал го игра против Севиља.
„Сакам да им испратиме порака на навивачите. Ова е важен натпревар, момците заслужуваат подршка и навивачите тоа го знаат. Ни треба нивната помош во последните два натпревари до крајот на годината“.
„Бејл нема да игра против Севиља, се надеваме дека ќе биде во тимот за Светското клупско првенство“, изјави Зидан.