Дома Фудбал Зидан: Реал е тим кој никогаш не се откажува!

Зидан: Реал е тим кој никогаш не се откажува!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го коментираше ремито со Валенсија и истакна дека неговиот тим никогаш не се откажува.

Бензема буквално во последната секунда постигна гол за 1:1 и тоа на асистенција на голманот Тибо Куртоа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Куртоа сам реши да се приклучи во нападот и тоа покажува дека сакавме да избегнеме пораз и дека никогаш не се откажуваме. Момците веруваа до последна секунда, Реал никогаш не се откажува“, истакна Зидан.

„Заслуживме реми. Бодот е мала награда, игравме добро во првото полувреме, тие без подобро во второто. Израмнивме, иако мислам дека заслуживме малку повеќе“, заклучи Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aнчелоти брзо се вклопи во Бразил – пиеше пиво и се дружеше со млади девојки (Видео)

Познатиот италијански фудбалски стратег, Карло Анчелоти, се прилагоди на бразилскиот начин…