Tренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан денес им испрати порака на фудбалерите пред саботниот натпревар против Барселона.
„Не сме нервозни. Мораме да размислуваме за тоа како да одиграме добар натпревар, а не за тоа дали имаме 11 или 25 бодови помалку. Мораме да одиграме добар натпревар против силен противник“, изјави Зидан.
Фудбалерите на Реал утре во рамките од 17 коло во Примера ја дочекуваат Барселона.
Пред „Ел Класико“ кралевите се наоѓаат на чевртата позиција со 11 бодови помалку од Барселона која е лидер во првенството.
„Ова без сомневање е најтешкиот натпревар во сезоната, бидејќи натпреварите помеѓу Реал Мадрид и Барселона секогаш се атрактивни, но и тешки. Нас тоа не инспирира, фудбалерите живеат за натпревари како овој“, истакна Зидан.
Кога во прашање Роналдо, Зидан потврди дека тој е 100% спремен.