Зинедин Зидан го променил мислењето.
Иако претходно јавно зборуваше дека не смета на услугите на Герет Бејл и Хамес Родригез, тренерот на Реал нешто го натерало да го промени мислењето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид вчера играше пријателски натпревар против Рома кој „кралевите“ го изгубија после изведувањето на пенали, додека во регуларниот дел беше 2:2. После овој натпревар Зидан изненади со изјавата која ја даде за медиумите.
„Хамес и Бејл се дел од екипата. Се може да се случи до крајот на преодниот рок, но тие се играчи на Реал и јас сметам на сите играчи со кои располагам“, изјави Зидан.
Ќе потсетиме што Зидан зборуваше за Бејл неодамна:
„Кога би можел утре да замине би било подобро за нас. Немам ништо лично против него, но носам одлуки. Доаѓа момент кога мораш да менуваш. Неговото заминување е најдобро за сите“, зборуваше Французинот.