Дома Фудбал Зидан очекува повеќе од Азар

Зидан очекува повеќе од Азар

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан зборуваше на пресконференцијата пред утрешното градско дерби против Атлетико Мадрид.

Меѓу другото Зидан истакна дека очекува повеќе од Еден Азар, кој ова лето пристигна како најголемо засилување на „Сантиаго Бернабеу“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Азар знае дека очекувањата од него се големи. Тој наскоро ќе се претвори играчот кој го сакаме. Таков тим на фудбалери се секогаш подготвени за дерби како ова. Јас не мислам само на резултатот, туку да одиграме одличен меч. Занеме дека нема да биде едноставно, но спремни сме“, изјави Азар.

Стратегот на „кралевите“ потоа зборуваше за младиот Родриго, кој постигна гол на дебито против Осасуна.

„Утре тој ќе игра за вториот тим. Се радувам од тоа што Родриго го направи оваа недела. Уште од поодамна решивме да не игра против Атлетико, туку да биде повикан за вториот тим“, објасни Зизу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп порача дека не е заинтересиран, но Романо тврди: Toј е кандидат за Реал

Чаби Алонсо доби отказ како тренер на Реал. Неговото место го зазеде Алваро Арбелоа, поран…