Дома Фудбал Англија Зидан и Конте спремни да го заменат Солскјер на „Олд Трафорд“

Зидан и Конте спремни да го заменат Солскјер на „Олд Трафорд“

Раководството на Манчестер Јунајтед во моментов му дава поддршка на менаџерот Оле Гинер Солскјер и не планира негова смена, пренесува еминентниот новинар Фабрицио Романо.

Од „Олд Трафорд“ се надеваат ситуацијата да се подобри во следните неколку недели и „црвените ѓаволи“ да почнат со позитивни резултати. Меѓутоа, ако работите не се променат, тогаш сериозно ќе се размислува за смена на Солскјер на кормилото.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Англиските медиуми пренесуваат дека главни кандидати за тренерското столче на Олд Трафорд се Антонио Конте и Зинедин Зидан.

Двајцата трофејни тренери во моментов се без ангажман и се спремни да ја прифатат понудата од еден од најголемите клубови во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рубен Аморим – најслабиот менаџер на Манчестер Јунајтед по Втората светска војна

Манчестер Јунајтед последните години тоне сè подлабоко и сè потешко е да се утврди кој е н…