Дома Фудбал Зидан за Бејл: Сакате да имаме проблеми со него, но немаме

Зидан за Бејл: Сакате да имаме проблеми со него, но немаме

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан после вчерашната победа против Осасуна повторно зборуваше за Герет Бејл.

Зидан беше приморан во претходните месеци често да зборува за Бејл и да ги демантира медиумските извештаи дека ќе го напушти Реал Мадрид, а ништо поразлично не беше ни овој пат.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Бејл излезе од игра во второто полувреме, а новинарите веднаш се обидоа да извршат притисок врз Зидан за да каже дека не е задоволен од него.

Сепак, се случи спротивното.

„Сакате да имаме проблем со Бејл, но немаме. Ако Бејл не постигне гол, нормално дека не е среќен. Мора да се потриди повеќе кога е тоа во прашање. Но, среќен сум што асистираше.“ – изјави Зидан.

Инаку, Кралевите синоќа ја поразија Осасуна со 4:1 и на тој начин се зацврстија на лидерската позиција во Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…