Дома Фудбал Англија Зидан добива понуда која нема да може да ја одбие

Зидан добива понуда која нема да може да ја одбие

Легендарниот француски фудбалер и тренер Зинедин Зидан е спремен повторно да и се врати на тренерската работа на лето.

Зидан е слободен откако го напушти Реал Мадрид во 2021 година, па откако стана јасно дека нема да седне на клупата на француската репрезентација, сега повторно е спремен за клупски ангажман.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Англиските медиуми тврдат дека Зидан е кандидат број еден за тренерското столче на „Стенфорд Бриџ“. Челзи не е задоволен од работата на Потер и спрема тренерска смена на лето.

Зидан ќе има одврзани раце во Челзи да го води новиот проект, во кој сопственикот Боели веќе вложи 600 милиони евра.

Челзи веќе спрема понуда за францускиот стратег, но останува да се види дали ќе ја прифати, бидејќи интерес за Зидан покажува и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Волфсбург испаѓа од Бундеслигата поради вештачка интелигенција!

Последен пат кога Волфсбург испадна од Бундеслигата беше во сезоната 1996/1997. Волфсбург …