Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан го разочарал Герет Бејл по финалето во Лигата на Шампионите

Зидан го разочарал Герет Бејл по финалето во Лигата на Шампионите

Герет Бејл беше јунакот во финалето во Лигата на Шампионите во кое Реал Мадрид го совлада Ливерпул со 3:1.

„Кралскиот“ клуб така успеа да дојде до третата последователна титула шампион на Европа, што тешко дека некој клуб ова ќе го повтори. Јунак во финалето беше Герет Бејл кој во игра влезе во второто полувреме и со два гола им донесе триумф на „Кралевите“.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Бејл беше разочаран што не го започна натпреварот и дури не сакаше да оди на загревање. Сепак, сите останаа без текст кога Велшанецот со одлични ножички го совлада Кариус за 2:1. Иако Зидан на необичен начин го прослави овој гол, на крајот не разговарал со Бејл.

Велшанецот по натпреварот изјави дека се уште не знае дали ќе остане во Реал Мадрид и дека конечната одлука ќе ја донесе пред почетокот на следната сезона. Исто така, еден од новинарите го праша Бејл дали Зидан му честиташе за фантастичниот гол и одличната игра, а тој само кратко одговори „не“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Почната постапка за ликвидација на англиски клуб стар 154 години (Фото)

Фудбалскиот клуб Рединг се соочува со налог за ликвидација што го покрена поранешниот дире…