Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека ќе направи се што е во негова моќ за Карим Бензема и Герет Бејл и следната сезона да бидат дел од тимот.
Ова е големо изненадување, особено поради фактот што медиумите веќе подолго време тврдат дека споменатиот двоец готово сигурно ова лето ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Медиумите во Шпанија тврдат дека Перез сака ова лето да донесе две нови ѕвезди во тимот кои делумно ќе бидат финансирани со продажбата на Велшанецот и Французинот.
„Двајцата ни се потребни и ќе направам се што треба за Бензема и Бејл да останат во Реал. Знам дека сите ииграчи секогаш сакаат да играат, но тоа е невозможно“, порача Зидан.
Бејл веќе подолго време се поврзува со враќање на Островот, а за Бензема исто така интерес покажуваат англиските гиганти како и ПСЖ.