Реал заостанува 19 бодови зад водечката Барселона по ремито 2:2 со Леванте кој се бори за опстанок во Примера.
Шпанските медиуми пренесоа дека Реал ќе продаде неколку играчи, меѓу кои и Иско, за во екипата да се направиме место за Азар од Челзи, Салах од Ливерпул, или напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакам Иско да ја мине цела кариера во Реал и тоа нема да се промени. Тој е фантастичен играч и тоа го покажува, не е точно дека сакаме да го продадеме. Секој член на оваа екипа е клучен. Играме многу натпревари и секој морам да го повикам во екипата. Јас имам најтешка работа бидејќи го бирам тимот“, истакна Зидан, пренесуваат британските медиуми.
Реал речиси сигурно нема да ја одбрани титулата во Примера, а испадна и од Купот на Кралевите, а Зидан истакна дека нема причина екипата да биде негативна во пресрет на дуелот од ЛШ против ПСЖ.
„Работите понекогаш не одат онака како што посакуваме, но знаеме кои сме и мислиме позитивно. Го знаеме нашето оружје и знаеме дека се брзо може да се промени. Сакаме добро да играме и да ја намалиме негативата, а засега не мислиме на мечот во ЛШ“, додаде тој.
Некогашниот француски репрезентативец истакна дека неговиот тим не треба да се плаши од ПСЖ.