Дома Фудбал Останато Зидан: Гвардиола е најдобариот тренер во светот

Зидан: Гвардиола е најдобариот тренер во светот

Стратегот на Реал Мадрид, Зинедин на Зидан на прес-конференцијата пред вечерашниот натпревар на „кралевите“ против Атлетик Билбао го пофали својот колега Пеп Гвардиола.

Зидан и Гвардиола ќе се судрат во осминафиналето од Лигата на шампионите бидејќи ждрепката ги спои Манчестер Сити и Реал Мадрид. Францускиот стратег сега го пофали својот колега на спротивната страна и му го даде епитетот најдобар тренер во светот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Јас немам никакви дилеми, за мене најдобриот тренер во светот е Пеп Гвардиола. Убаво ќе биде што ќе се сретнеме после неколку сезони. До сега многу пати Гвардиола покажал дека е најдобар“, изјави Зидан.

Реал против Атлетик Билбао игра вечерва од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Карабаг го запре Челзи

Карабаг и Челзи одиграа нерешено 2-2 во Баку, додека Пафос го победи Виљареал со 1-0 во Ли…