Дома Топ вести Зидан во проблеми: Бензема НЕ е единствен кој ќе отсуствува поради повреда!

Зидан во проблеми: Бензема НЕ е единствен кој ќе отсуствува поради повреда!

zidane

После двете нерешени средби во низа, Реал Мадрид е пред непријатно гостување, а покрај тоа Зидан се соочува и со проблеми поради повредите на неколкумина фудбалери од првиот тим.

„Кралевите“ во недела со почеток од 20:45 минути играат против тимот на Реал Сосиедад, а Зинедин Зидан како што споменавме се соочува со кадровски проблеми. Покрај Карим Бензема кој заработи повреда на последниот натпревар против Леванте, надвор од тимот е и Tони Крос, како и Хесус Ваљехо.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Германецот заработи полесна повреда и нема да виде во конкуренција за настап на „Аноета“, а да треба да се потсети и дека Кристиано Роналдо има да одработи уште еден натпревар од суспензијата.

„Крос и Ваљехо не се спремни за овој натпревар и не сакаме да ризикуваме. Имаме проблеми со повредите, но и покрај тоа имаме добар тим“, изјави Зидан.

Реал после три одиграни кола има пет бодови, бидејќи на свој терен ремизираше против Валенсија и Леванте. Лидери на табелата се Барселона и Сосиедад со по девет максимални бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Луис Енрике го „пецна“ Мбапе: Сега имаме подобар тим

Тренерот на Пари Сент Жермен, Луис Енрике, по синоќешната победата над Џирона го спореди н…