Дома Фудбал Зидан вечерва го одмара Роналдо

Зидан вечерва го одмара Роналдо

Реал Мадрид вечерва ќе го одигра натпреварот од 26. коло во Ла Лига против Еспањол.

Кралскиот клуб во Барселона ќе биде без Кристијано Роналдо, на кој Зидан му даде слободен ден за да го одмори пред реваншот против ПСЖ во Лига на шампиони.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Португалецот вечерашниот натпревар ќе го проследи од трибините, кој исто така одмараше и на натпреварот против Леганес минатата недела.

На местото на Роналдо во првата постава на Реал Мадрид ќе се најде Марко Асенсио.

Кристијано Роналдо оваа сезона одигра 31 натпревар за Реал и постигна 28 погодоци, а моментално се наоѓа во феноменална голгетерска форма.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски на раскрсница: Да направи чекор кон пензија или „топот“ уште функционира?

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски за неколку месеци останува без договор со Барселона. П…