Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) планира да ги искористи сите правни средства за да не му дозволи на поранешниот кадетски, јуниорски и младински репрезентативец Лејсон Зекири да настапува за селекцијата на Косово.
Играчот на Приштина не се појави на првата прозивка во неделата, а од КФМ објаснија дека сака да настапува за Косово.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Зекири не се појави на првиот собир и не ни даде официјална информација зошто го одби да дојде. Неофицијално дознавме дека сака да игра за репрезентацијата на Косово. Ги контактиравме неговите најблиски, но засега немаме официјален став, се е неофицијално, а тоа е дека Зекири не сака да игра за Македонија иако е во плановите на селекторот. Ставот на КФСМ е дека немаме многу квалитетни кошаркари и доколку дојде барање од кошаркарската федерација на Косово, нема да го одобриме. Секако, тоа нема да застане тука. Но, политиката на ФИБА е малку ограничена и малку ѝ се врзани рацете на федерацијата. Ќе се потрудиме тоа да не застане така и да биде пример и за другите“, изјави генералниот секретар на КФСМ, Георгиевски.