Денес капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го имаше сигурно најискреното интервју за македонскиот фудбал во кое зборуваше за проблемите во федерацијата.
Шпекулации за нетрпеливоста на релација репрезeнтација – раководство имаше подоголго време, а се стана јасно кога Пандев се огласи на Инстаграм пред неколку недели, за сега да опише во детали како Сејдини барал да биде сменет Ангеловски пред дуелите со Косово и Грузија.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
По интервјуто на Пандев со изјава за „Спорт1“ се огласи селекторот Игор Ангеловски кој само го потврди она што го кажа капитенот.
„Сѐ што кажа Пандев за мене и за тоа што го посочи (Сејдини сакал да го смени Ангеловски после мечот со Израел – н.з.) е – вистина! Може македонската јавност сега да види под каков притисок ги водев двата клучни мечеви во баражите (со Косово и со Грузија – н.з.). Но, заедно со сите членови на А-тимот успеавме да го обезбедиме пласманот на Европското првенство и да го оствариме овој историски успех на Македонија на чело со капитенот Горан Пандев. И тоа на радост на сите во Македонија“.
Ако го пропуштивте интервјуто на Пандев препорачуваме да го погледнете – тука.