Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев отворено против ФФМ: Сејдини не е среќен што ќе играме на ЕП, сакаше да го смени Ангеловски

Пандев отворено против ФФМ: Сејдини не е среќен што ќе играме на ЕП, сакаше да го смени Ангеловски

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев во интервју за „ТВ 24“ упати силни критики кон ФФМ, особено кон претседателот Муамед Сејдини.

Пандев откри дека Сејдини сакал да го промени селекторот Игор Ангеловски пред бараж-дуелите со Грузија и Косово. Притоа тврди дека претседателот на ФФМ не е среќен што Македонија ќе игра на Европско првенство.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Се кроеше некаква политика, да бидам искрен, се кроеше долго време политика околу А-репрезентацијата и селекторот. Претседателот и некои луѓе сакаа да ја нарушат атмосферата во репрезентацијата, но не успеаја. Сејдини се дрзна да го менува селекторот пред дуелите со Косово и Грузија, а токму Сејдини и некои луѓе околу него, кои не ги ни познавам не дојдоа ниту да ни посакаат среќа. По натпреварот со Израел, дојде во хотелот и ми вели, Горан сакам да разговараме, сакам да го смениме селекторот Ангеловски, му одговорив вие сте претседател, вие одлучувате, но според мене не е моментот вие да го правите тоа“, открива Пандев.

На крајот, сепак немаше сили да го направи тоа, затоа што цела македонска јавност стои и зад селекторот Ангеловски и зад нас како репрезентација. Некои луѓе работеа против репрезентацијата, ама не успеаја. Глумеа дека се среќни, а во лицето им се гледаше дека не се. Жално е се што се случува по пласманот на ЕП. Како и да е, оваа генерација заслужи да ги има најдобрите услови за работа, а сакам да потенцирам дека 90% од репрезентативците не ни знаат кој е претседател на ФФМ кој е потпретседател и кои се луѓето кои патуваат со нас, тоа се анти-фудбал луѓе. Јас со Адеми, со Алиоски, со Барди се слушам секој ден како браќа сме“, додаде капитенот на репрезентацијата.

Пандев меѓу другото откри дека ќе се пензионира по завршувањето на Европското првенство.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …