Јувентус синоќа во Торино доживеа вистински дебакл.
Старата дама беше убедливо поразена од Милан со 3:0 и со тоа Бјанконерите дојдоа во тешка ситуација кога е во прашање борбата за пласман во ЛШ.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Раководството на Јувентус на крајот од претходната сезона одлучи да му врачи отказ на Маурицио Сари кој ги однесе до титулата, а шанса да го води клубот доби Андреа Пирло.
Поранешниот фудбалер потфрли уште во својата прва сезона на клупата. Јувентус игра очајно и очигледно е дека Старата дама има големи проблеми во екипата.
А, поранешниот тренер Сари на кој Јувентус му исплати 8.5 милиони евра за отказот имаше жестока разделба со раководството на Старата дама, а неговите зборови после отказот се покажаа како точни.
„Одлучивте да ми дадете отказ, а ми дадовте екипа која едноставно не можете да ја тренирате и воиграте.“ – рече Сари на челниците на Јувентус по заминувањето.
Овие зборови очигледно се покажаа како точни. Бјанконерите играат очајна сезона, многи возможно е да не играат ЛШ следната сезона, а единствениот трофеј за кој ќе се борат е Купот на Италија каде играат против Аталанта.