Дома Фудбал Англија Зборовите на Мурињо биле погрешно протолкувани: Не ни е потребно чудо

Зборовите на Мурињо биле погрешно протолкувани: Не ни е потребно чудо

mourinho

Менаџерот на Манчестер Јунајтед смета дека неговите зборови се погрешно протолкувани од страна на новинарите.

Жозе Мурињо инсистира дека на Манчестер Јунајтед не му е потребно чудо за да заврши помеѓу првите четири клуба во Премиер лигата оваа сезона, спротивно на медиумските најави.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога Мурињо го запрашаа дали навистина му е потребно чудо на неговиот тим да дојде до четвртата позиција. „Специјалниот“ одговори во свој стил.

„Не знам дали сум кажал такво нешто или не, но ако сум го употребил зборот чудо тоа воопшто не го чуствувам. Осум бодови заостануваме зад четвртата позиција, не мислам дека ни е потребно чудо. Потребна ни е добра игра и добри резултати“, тврди Мурињо.

Ќе потсетиме, Мурињо утре со Манчестер Јунајтед ќе има сериозен тест во натпреварот против Арсенал кој е 19 натпревари без пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола излезе на пресот со крвав нос и со лузни по лицето. Слушнете го објаснувањето

Нов неуспех на Манчестер Сити и неговиот тренер. Откако Пеп Гвардиола загуби пет натпревар…