Легендарниот српски стратег Синиша Михајловиќ денеска ја загуби битката со леукемијата од која претходно се излекува но болеста се врати.
По смртта на Михајловиќ се огласија многу голем број сегашни и поранешни фудбалери, а од Михајловиќ се прости и клубот кој последен го водеше како тренер, Болоња.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Збогум господоине, засекогаш ќе бидете во нашите срца“, објави калчолигашот.
Goodbye, Mister, you will forever be in our hearts. pic.twitter.com/QeMs4zeUJc
— Bologna FC 1909 (@BolognaFC1909en) December 16, 2022
Во италијанските медиуми со соопштение излезе и семејството на Михајловиќ.
„Семејството со голема тага ја соопштува неправедната и прераната смрт на својот маж, татко, брат – Синиша Михајловиќ. Извонреден професионалец, достапен и добар кон сите.
Храбро се бореше против страшната болест. Им благодариме на докторите и медицинскиот персонал, како и сестрите кои го следеа со години со многу љубов и почит.
Посебно др: Франческо Бонифачи, др. Антонио Курто, проф. Алесандро Рамбалди и др. Лука Маркети. Синиша секогаш ќе остане со нас. Продолжуваме да живееме со љубовта која ни ја пружи“, објави семејствот во соопштението кое го пренесуваат италијанските медиуми“.