Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала се уште не е пронајден откако во понеделникот исчезна авионот со кој патуваше кон Кардиф.
Сала за викендот потпиша за Кардиф каде што пристигна за 17 милиони евра од Нант, а потоа одлучи да се врати во Франција за да се поздрави од соиграчите.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Аргентинецот во понеделникот тргна кон Кардиф, но авионот исчезна над Ла Манш.
Денеска во медиумите се огласи и легендарниот Диего Марадона.
„Се надевам дека пилотот само го погрешил аеродромот и дека Сала ќе се појави жив. Тоа е се што можам да ви кажам. Ова е голема трагедија и не престанувам да мислам на сите летови во мојот живот“, изјави Марадона.