Дома Фудбал Англија За овие тројца нема место на „Итихад“!

За овие тројца нема место на „Итихад“!

Полека Пеп Гвардиола го склопува тимот за наредната сезона, а сега дојде ред да се „отпишуваат“ фудбалерите кој Шпанецот ги смета за непотребни.

Пеп Гвардиола скоро и да го промени целиот тим откако пристигна во Манчестер, потроши огромна сума на пари, но и го расичстува „вишокот“ во тимот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, сеуште го нема оформено во целост тимот со кој ќе влезе во новата сезона, главна мета во овој момент за Шпанецот е Алексис Санчез. Покрај тоа најавено е дека ќе се ослободи од уште тројца фудбалери.

Прв на листата е Французинот, Самир Насри, кој на турнеата со клубот со своето однесување навистина ги иритираше соиграчите. Пеп јасно му стави до знаење дека нема да добива премногу простор за игра.

„Тој ја знае ситуацијата, на средината од теренот имаме премногу играчи, тешко дека ќе добие поголема минутажа“, изјави Гвардиола за Насри кој минатата сезона ја помина во Севиља како позајмен фудбалер.

Следува Мангала, за него „граѓаните“ платија огромна сума, а тој не покажа ништо. Се споменуваше дека Јувентус може да го доведе бесплатно, но во овој момент се очекува тој да премние во некој од помалите клубови во Премиер лигата.

Третиот фудбалер е Нигериецот, Келечи Инхеначо, за кого Гвардиола нема ништо против и да остане, но самиот фудбалер сака поголема минутажа и тој е на чекор од трансфер во Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…