Европската ракометна федерација (ЕХФ) во пресрет на новата сезона во Лигата на шампиони ја објави листата на фаворити за титулата во најелитното натпреварување.
ЕХФ објави листа од пет екипи кои ги смета за најголеми фаворити за титулата, а меѓу нив беше и македонскиот шампион Вардар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Можете ли да сторите нешто подобро од освојување на Лигата на шампионите двапати во последните три сезони? Тешко. Вардар одново се изгради ова лето, откако си заминаа тренерот Роберто Гарсија Парондо и клучните играчи, МВП Игро Карачиќ и Дејан Милосављев. Но, сето ова не ги плаши во Скопје. Ваков сличен егзодус имаа претходно, без да го променат монументумот во клубот. Знаат како да ја освојат титулата“, се вели во објаснување на ЕХФ.
На листата се најдоа уште и тимовите на Кјелце, Барселона, Веспрем и ПСЖ.