Англискиот крилен напаѓач и член на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг беше актер на еден од најсрамните пенали видени во Лигата на шампионите.
Тој во вчерашниот пенал против Шахтјор се обиде да ја шутне топката, но удри со ногата во тревникот и падна, а судијата покажа на белата точка!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После натпреварот Стерлинг му се извини на судијата Виктор Касаи.
„Не знам што се случи. Не почуствував никаков контакт, сакав само да ја шутнам топката и паднав. Му се извинувам на судијата“, изјави Стерлинг.
Неговиот тренер Пеп Гвардиола додаде дека на Лигата на шампионите и е потребен ВАР.
„Тоа не беше пенал и тоа е јасно. Но, во Лигата на шампионите судиите немаат начин тоа да го проверат, ВАР не е воведен и тоа е проблем. Судиите знаат да направат вакви грешки. Минатата сезона направија на наша штета против Ливерпул“, смета Гвардиола.
Raheem Sterling wins a penalty by tripping over himself: https://t.co/k3bImQ2k9s pic.twitter.com/VkhRLV3UjS
— Deadspin (@Deadspin) November 7, 2018