Дома Фудбал Репрезентации „За Бугарија никогаш нема да играат играчи со друга боја на кожата освен бела“

„За Бугарија никогаш нема да играат играчи со друга боја на кожата освен бела“

Директорот на Фудбалската федерација на Бугарија и легенда на Левски Софија, Георги Иванов предизвика бурни реакции со последната изјава во врска со бугарската репрезентација.

Во фудбалот веќе нормално стана да има натурализирани фудбалери во многу репрезентации. Така земји кои имале минато поврзано со расизмот и фашизмот како Италија, Шпанија, Германија…Веќе натурализираат и фудбалери со поинаква боја на кожата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, Бугарите, барем според изјавата на Иванов нема да дозволат фудбалери со друга боја на кожата освен бела да играат за репрезентацијата.

„Некој што нема бела кожа не може да игра за Бугарија. Нема да доведеме ниту страни, нтиу тие што трчаат по странски пасоши…

За Бугарија ќе играат само Бугари, додека сум јас директор нема да играат тие што не се белци, а ниту странците. Тоа ќе ви го повторам без разлика кога и да ме прашате додека сум тука“, порача Иванов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Тетоважа што ќе го расплаче целиот свет: Диого Жота не е заборавен (Видео)

За жал, Диого Жота повеќе не е меѓу нас, но очигледно е дека тој нема да биде заборавен. П…