Дома Фудбал Останато За Балотели повеќе нема место во Ница!

За Балотели повеќе нема место во Ница!

Познавајќи го Марио Балотели беше за очекување дека нешто не е во ред, а деталите ги откри неговиот соиграч Валентин Ејсерик.

Тој неодамна изјави дека Балотели би морал малку повеќе да гледа на колективот и да работи многу повеќе.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Балотели треба да мисли малку повеќе на колетивната работа и да мисли повеќе за нас. Навистина е голема штета што играч од неговата класа има тенденција за негодување кога работите не одат онака како што тој посакува. Штета е кога ќе го видите со наведната глава и како се откажува. Жалам што морам да го кажам ова, но мислам дека за него нема повеќе место овде. Тој е феноменален играч, но изгледа како да не сака да направи ништо за своите соиграчи. Тоа е навистина разочарувачки“, изјави Ејсерик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јамал минува низ пекол: „Грд си, врати се во Мароко“

Шпанскиот репрезентативец Ламине Јамал беше изложен на расистички коментари и навреди од с…