Дома Македонски спорт Мак фудбал Захариевски: Лиепаја е квалитетен тим, но се надевам дека ќе ги елиминираме

Захариевски: Лиепаја е квалитетен тим, но се надевам дека ќе ги елиминираме

Струга Трим Лум е единствниот наш претставник во Конференциската лига кој натпреварот ќе го игра на домашен терен денес, додека Шкупи и Силекс гостуваат.

Против Лиепаја Струга на гости одигра 1:1 и денес во Скопје ќе се обиде да дојде до позитивен резултат.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Резултатот 1:1 е вистинска слика за она што се случуваше во Летонија. Лиепаја е квалитетен тим и оние кои ќе го гледаат натпреварот ќе можат да се уверат во тоа. Сепак, според играта која ја прикажавме таму, посебно во второто полувреме се надеваме дека ќе ги елиминираме. Имаме активен резултат, голот во гости не е предност, па утре почнуваме од почеток“, изјави Срѓан Захариевски.

Натпреварот се игра денес со почеток од 17:00 часот.

Фото: ФК Струга Трим Лум

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…