Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ одигра одлична сезона во италијанското првенство и поради тоа е мета на повеќе европски клубови.
Засега тој се уште е во Фиорентина, но дали така ќе остане до крајот на преодниот рок останува да видиме. Својот квалитет Влаховиќ уште еднаш го потврди на вчерашниот пријателски натпревар за Фиорентина на кој постигна седум гола и тоа сите за едно полувреме. На контролката со нисколигашот Фиорентина победи со 11:0.
Коментари