Дома Фудбал Лига на шампиони Засилувањето на Сити вчера направи нешто што 12 години не му успело на никој во ЛШ

Засилувањето на Сити вчера направи нешто што 12 години не му успело на никој во ЛШ

Maнчестер Сити славеше кај Шахтјор со 3:0 на стартот од Лигата на шампионите. Головите за „граѓаните“ ги постигнаа Ријад Марез, Илкај Гундоган и Габриел Хесус, меѓутоа покрај овие тројца одличен натпревар одигра и Родри.

Шпанскиот играч за врска ова лето пристигна во Сити од Атлетико за сума од 70 милиони евра. Родри во овој натпревар имаше 82 додавања и секое од нив беше успешно.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вакво нешто последен пат на некој играч му успеало пред 12 години.

Во натпреварот помеѓу Јувентус и лисабонскиот Спортинг стоперот Андреа Брзаљи ги погоди сите 96 додавања на таа средба. Веројатно италијанскиот стопер тогаш не ни претпоставувал дека толку долго никој нема да повтори нешто такво.

Родри оваа сезона одигра седум натпревари за Сити (553 минути) и постигна еден гол и тоа во минатото коло кога Сити изгуби од Норвич со 3:2.

Во второто коло на 1-ви октомври Манчестер Сити на „Етихад“ ќе игра против Динамо во рамките од групата Ц. Двата тима имаа по три бода после првите натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција? Л’eкип: Ситуацијата е сложена

КИЛИЈАН МБАПЕ (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Б…