Дома Останати Тенис Зарем е можно? Тенисер лажел дека е заразен со Ковид-19 за да се пишува за него!

Зарем е можно? Тенисер лажел дека е заразен со Ковид-19 за да се пишува за него!

Неверојатна вест ни пристигнува утрово, австралискиот тенисер Бернард Томиќ лажел дека е заразен со коронавирусот за само да се пишува за него!?

Коронавирусот е главна тема во светот, спортот е стопиран и не се знае кога ќе продолжи, па Томиќ тоа сакал да го искористи за да се најде во центарот на вниманието.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Лагата на тенисерот ја откри тенисерката Андреа Петковиќ која е Германка со српско потекло. Таа изјаваила дека се слушнала со Бернард и тој и кажал дека не е болен и дека сега не знае зошто се решил да каже такво нешто.

Томиќ своевремено беше и 17. ти тенисер на АТП листата, меѓутоа сега игра во слаба форма и се наоѓа на 202 позиција. Очигледно сакал да добие внимание какво што имал кога бил во топ 20.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер издоминира против Ѓоковиќ како ретко кога за финале со Алкараз!

Повредата што Новак Ѓоковиќ ја заработи на крајот од четвртфиналето против Коболи очигледн…