Дома Фудбал Англија Започува нова ера на „Енфилд“: Ливерпул доведе нов спортски директор!

Започува нова ера на „Енфилд“: Ливерпул доведе нов спортски директор!

Tимот на Ливерпул денес го именуваше Јорг Шмадке за нов спортски директор кој доаѓа на местото на Џулијан Вард.

Овој 59-годишен Германец функцијата ќе ја преземе од 1.јули, а во досегашната кариера работеше во Хановер, Келн, Алеманија Ахен и Волфсбург.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Шмадке со Ливерпул потпиша краткорочен договор со можност за продолжување на соработката.

Ангажманот на Шмадке го потврди Ливерпул на својата официјална страна.

„Му посакуваме се најдобар на Џулијан во неговата понатамошна кариера и му се заблагодаруваме за се што направи за клубот во изминатите години стои во соопштението.

Ливерпул сезоната ја заврши на петтата позиција и во наредната сезона нема да биде дел од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најмлад меѓу големите: Килијан Мбапе достигна уште еден историски подвиг и нема намера да застане!

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ги коментираше своите нови остварувања од 400 постигнати…