На маргините на тимот чека да му истече договорот, а сега доби понуда од Силвио Берлускони.
Рикардо Монтоливо беше капитен на „росонерите“, но Џенаро Гатузо практично го елиминираше.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имаше проблеми помеѓу нив двајца, па Монтоливо кој е поранешен репрезентативец на Италија сега не е во конкуренција за настап.
Дури оваа недела тренираше и со младинците место со останатите играчи кои останаа и немаа репрезентативни обврски.
Има повик од новиот клуб на Силвио Берлускони, Монца. Овој тим се натпреварува во третата лига, но се очекува наредната сезона да избори пласман во Серија Б.
Монтоливо е поблиску до опција да го почека јуни и како слободен играч да премине во Монца, иако има можност и да се договори со Милан за оштета за останатокот од сезоната и веќе во јануари да се пресели кај Берлускони.
https://www.youtube.com/watch?v=wJ5iREQYYK8