Хрватскиот стопер Јошко Гвардиол е едно од откритијата на последното Светско првенство во Катар.




Младиот и суперталентиран стопер од Хрватска беше еден од најзаслужните за освојувањето на бронзениот медал на Светското првенство, па не е ни чудо што многу клубови се сериозно заинтересирани да го доведат.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Лајпциг ќе се мачи да го задржи по серијата добри игри.




Како што од утрово пренесуваат островските медиуми, Челзи е тој што сака да го доведе.




„Сан“ пренесува дека двократниот шампион на Европа е подготвен да плати 51,5 милиони евра за неговото доаѓање.




Клубот од Лондон го следи од ова лето, но ќе има силна конкуренција од Шпанија, бидејќи го посакува и актуелниот европски првак Реал Мадрид. Шпанците оваа есен неколку пати испраќаа скаути на натпреварите на Лајпциг.




Сепак, понудата на Челзи е далеку под бараните 80 милиони евра, додека сеуште не е познато колку се подготвени да понудат челниците на „кралскиот клуб“ од Мадрид.