Дома Фудбал Италија ЗАПОЧНА НОВАТА ЕРА: Интер го претстави Бепе Марота!

ЗАПОЧНА НОВАТА ЕРА: Интер го претстави Бепе Марота!

Она што веќе долго време се најавуваше денес доби и официјална потврда – Џузепе Марота е нов извршен директор на Интер.

Човекот кој ги постави темелите на денешниот Јувентус кој доминира во Италија пред неколку недели ја прекина соработката со „старата дама“, а сега и официјално е претставен во новиот клуб.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Како што стои во соопштението од Интер, Марота веднаш започнува со работа како главен извршен директор во клубот и ќе има јасна цел да стави крај на доминацијата на неговиот поранешен клуб.

„Ова е важна промена во клубот и е во согласност со нашата цел да изградиме успешен и победнички клуб. Бепе е еден од најдобрите во својата работа и сигурно дека може многу да ни помогне“, изјави претседателот на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алегри ја премина секоја граница – тренерот на Милан пред жестока суспензија?

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, може да добие жестока суспензија поради навреди на…