Манчестер Сити и Реал Мадрид се двата клува кои ова лето ќе се „тепаат“ за потписот на англискиот голгетер Хари Кејн, пренесуваат медиумите на Островот.
„Дејли Експрес“ пренесува дека Манчестер Јунајтед се откажал од Кејн бидејќи ќе се насочи кон Санчо, па „кралевите“ и „граѓаните“ ќе ја водат главната битка за потписот на голгетерот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кејн веќе најави дека размислува за трансфер бидејќи сака да игра во тим кој ќе се бори за трофеи и наводно е спремен да го напушти Тотенхем бидејќи не е задоволен од политиката на клубот.
Пеп Гвардиола е во потрага по напаѓач кој ќе биде наследник на Кун Агуеро, додека „кралевите“ бараат нова ѕвезда во нападот и од поодамна се заинтересирани за Англичанецот.
Тотенхем најверојатно ќе биде приморан да го продаде Кејн ова лето, но за неговата слобода ќе бара најмалку 150 милиони фунти.