Третиот Гренд Слем започна и се смета за најпрестижен тениски турнир. Вимблдон оваа година ќе се одржи од 2 Јули до 15 јули.
Сите очи ќе бидат вперени во Роџер Федерер, бидејќи обложувалниците него го означија како фаворит во овој турнир. Федерер е втор на ранг листата, тој има навистина одличен рекорд на трева во текот на овие години, а два пати во 2014 и 2015 година беше стопиран од Новак Ѓоковиќ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За Федерер да го освои овој турнир, обложувалницата на Bet365 нуди коефициент во висина од 2.62, додека коефициентот за Ѓоковиќ е 6.50 во истата обложувалница. Шпанецот Рафаел Надал се наоѓа на четвртата позиција и за него е понудено коефициент 8.
Третото место е резервирано за Марин Чилиќ кој е во одлична форма и доколку сакате да се обложите на него ќе добиете коефициент вреден 7.50.
Шансите за Зверев и Дел Потро се изедначени, па оваа обложувалница нуди коефициент 17 за двајцата.
Милош Раониќ исто така има одлични резултати на трева, а Bet365 за него нуди коефициент вреден 23.
Како најпотценет од страна на обложувалниците сметаме дека е Доминик Тим, бидејќи коефициентот за победник на турнирот изнесува 34.
Во прилог ви ги претставуваме коефициентите за поголемиот број тенисери кои ни ги нуди обложувалницата на Bet365.